Анџелина Џоли на презентацијата на линијата кармини на Том Форд во Шангај/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Што не е во ред сo лицето на Анџелина Џоли? Хирург ја откри главната грешка на нејзината естетска корекција

Кога Анџелина Џоли се појави на Модната недела во Шангај, како гостин на Том Форд, многумина не ја препознаа на почетокот.

Холивудската дива со години се соочува со критики поради својот изглед и нејзината прекумерна слабост што се граничи со анорексија, но овој пат не станува збор само за тоа. И лицето на Џоли стана некако поинакво. Што се случи?

„Таа е сериозно болна…“; „Некоја пластична операција тргнала наопаку“, беа некои од коментарите.

Дури имаше и теорија дека воопшто не станува збор за Анџелина, туку за нејзин клон, двојник. Обожавателите кои внимателно анализираат секој детаљ забележаа дека не само што изгледа исцрпено, туку и дека нејзините очи се чудни: „Левиот очен капак е спуштен, затоа ставила шишки на таа страна“, а открија и длабоки линии, кои ги толкуваат како резултат на неуспешна естетска корекција.

Но, имаше и објаснувања, како на пример, дека причината за драстичната трансформација не е естетското експериментирање, туку екстремниот замор од животните искушенија. Тежок развод од Бред Пит и битка што траеше неколку години, неодамнешната смрт на нејзиниот чичко… Некаде се споменува и дека познатата актерка, со висина од 169 сантиметри, неодамна ослабела помалку од 40 килограми, поради што нејзините деца буквално ја принудувале да јаде.

Но, што всушност се случило со Џоли? Пластичниот хирург Шамил Романович Мугадов се обиде да одговори на ова прашање за „Воман.ру“.

Докторот веднаш нагласи дека промените во нејзиниот случај можат да бидат под влијание на различни фактори. Прво, како и кај сите, возраста. Таа наполни 50 години минатото лето, и неизбежно е да има некои природни промени: „Дури и минималните промени во една област неизбежно влијаат на целокупната перцепција“.

– Од друга страна, можеме да го видиме ова и како кумулативен ефект од неколку естетски процедури. Обликот на носот изгледа порафиниран и потесен (видете ги старите фотографии), што значи дека може да биде резултат на добро извршена ринопластика. Прекумерното стеснување на носот и врвот понекогаш може да доведе до лице кое изгледа поостро и помалку природно- 0бјаснил докторот.

– Полните усни отсекогаш биле нејзин заштитен знак, но сега изгледаат поструктурирани, веројатно поради филери. Отсекогаш имала истакнати јаболчници. При додавање волумен, важно е да се одржи рамнотежа, во спротивно лицето може да стане претерано аголно. Брадата веројатно била корегирана или со филери или со импланти, што ја направило долната третина од лицето поизразена – додал тој.

Пределот околу очите предизвика најмногу прашања и дискусии. Според хирургот, некомпетентната работа на неговите колеги довела до таков несреќен резултат, што ги вознемирило обожавателите: „Можеби медијалната масна подлога не била третирана за време на блефаропластика, поради што внатрешниот агол на горниот очен капак е истакнат. Од друга страна, централните и страничните области изгледаат ‘попразни’. Ова создава нерамнотежа: очниот капак повеќе не изгледа како една, мека линија. Се појавува ефект на „искинат волумен’. Нна некои места нема доволно ткиво, додека на други има вишок. Ова го поместува акцентот на внатрешниот агол на окото и го прави целото лице да изгледа поинаку.“

– Судејќи според состојбата на контурите на лицето и вратот, можам да претпоставам дека е извршен и фејслифтинг, можеби ендоскопски. Исто така, забележав дека се отстранети букалните масни подлоги, што може да биде штетно на долг рок, бидејќи по таквата постапка ткивото се истенчува, а со тоа и лицето – изјавил д-р Мугадов за своите претпоставки.

ВИДЕО | Анџелина Џоли во прегратка на познат француски дизајнер – позираа држејќи се за раце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот