Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.
Препорачано
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„Frankenstein“ – филм на Нетфликс
Брилијантен, но егоцентричен научник во смел експеримент создава монструозно суштество, кое на крајот доведува до пропаста и на неговиот творец и на неговата трагична креација.
Жанр: хорор/научна фантастика / „IMDB“ оценка: 7.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 85%
„The Good Doctor“ – серија на Нетфликс
Шон, млад лекар, се приклучува на реномирана болница во Сан Хозе, Калифорнија, но неговите колеги не се дружат со него. Тој ги користи своите вештини за да ги лекува пациентите и да им ги докаже своите способности на соработниците.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 71%
„Bad Education“ – филм на Ејч-би-о
Омилениот надзорник на училишниот округ Розлин во Њујорк, заедно со неговиот персонал, пријатели и роднини, стануваат главни осомничени во разоткривањето на најголемиот скандал со проневера во јавното школство во американската историја.
Жанр: семеен/авантура / „IMDB“ оценка: 7.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 83%
„Veep“ – серија на Ејч-би-о
Поранешната сенаторка Селина Мајер добива можност да служи како потпретседателка на Соединетите Американски Држави. Таа се обидува да спречи различни политички превирања, балансирајќи го својот јавен и приватен живот.
Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 8.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 93%


