Фото: Скриншот/Јутјуб

Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„The Last of the Mohicans“ – филм на Нетфликс

Кога Кора, ќерката на британски офицер, ќе се најде фатена во вкрстен оган за време на Француско-индијанската војна, Хокаи, човек посвоен од Мохиканците, мора да ја спаси.

Жанр: воен/акција / „IMDB“ оценка: 7.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 88%

„Outlander“ – серија на Нетфликс

Клер Бошамп Рендал, медицинска сестра за време на Втората светска војна, мистериозно се враќа назад во времето, во Шкотска во 1743 година. Таму запознава харизматичен хајлендски воин и се вовлекува во епска бунтовничка борба.

Жанр: историска/фантазија / „IMDB“ оценка: 8.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 91%

„Hidden Figures“ – филм на Ејч-би-о

Три афроамерикански математичарки одиграле клучна улога во лансирањето на астронаутот Џон Глен во орбитата. Во меѓувреме, тие морале да се справуваат и со расна и родова дискриминација на работното место.

Жанр: драма/историски / „IMDB“ оценка: 7.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 83%

„The Gilded Age“ – серија на Ејч-би-о

Маријан Брук, девојка од провинција, се преселува во Њујорк по смртта на својот татко. Но, работите се комплицираат кога мора да се вклопи во семејството на еден железнички тајкун.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 89%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот