Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.
Препорачано
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„Leave No Trace“ – филм на Нетфликс
Откако животот на Вил и Том во шумата ќе биде нарушен, таткото и ќерката се обидуваат да се прилагодат на правилата на цивилизацијата. Додека Том учи нови вештини, стравовите на Вил постепено почнуваат да го обземаат.
Жанр: трилер/драма / „IMDB“ оценка: 7.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%
„Long Story Short“ – серија на Нетфликс
Серијата ја следи заедничката историја на едно дисфункционално семејство, нивните интерни шеги и старите рани.
Жанр: анимирана серија за возрасни / „IMDB“ оценка: 7.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%
„Turtles All the Way Down“ – филм на Ејч-би-о
Не е лесно да се биде Аза, но таа се труди да биде добра ќерка, добра пријателка и добра ученичка, додека се соочува со бескраен наплив од наметливи и опсесивни мисли што не може да ги контролира. Кога повторно се поврзува со Дејвис, својата симпатија од детството, Аза се соочува со суштински прашања за љубовта, среќата, пријателството и надежта.
Жанр: романса/драма / „IMDB“ оценка: 6.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 85%
„DTF St. Louis“ – серија на Ејч-би-о
Љубовен триаголник меѓу тројца возрасни кои минуваат низ криза на средни години, што доведува до тоа еден од нив да заврши мртов.
Жанр: црна комедија / „IMDB“ оценка: 7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 88%


