Фото: Принтскрин / Јутјуб

Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„KPop Demon Hunters“ – филм на Нетфликс

Кога K-поп суперѕвездите Руми, Мира и Зои не ги распродаваат стадионите или не се на врвот на „Билборд“ топ листите, тие работат како ловци на демони за да ги заштитат своите обожаватели од секогаш присутната натприродна опасност.

Жанр: акција, анимација / „IMDB“ оценка: 7.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 92%

„The Lincoln Lawyer“ – серија на Нетфликс

Идеалистичкиот адвокат Мики Халер ја води својата канцеларија од задниот дел на својот автомобил „Линколн Таун Кар“, преземајќи големи и мали случаи низ Лос Анџелес.

Жанр: крими, драма / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 92%

„The Smashing Machine“ – филм на Ејч-би-о

Вистинската приказна за борецот на мешани боречки вештини и УФЦ, Марк Кер, чија опсесија со величина го направи легенда – и речиси го чинеше сè.

Жанр: биографија / „IMDB“ оценка: 6.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 71%

„True Detective“ – серија на Ејч-би-о

Полициските службеници и детективите низ САД се принудени да се соочат со темни тајни за себе и за луѓето околу нив додека истражуваат убиства.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 79%

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот