Штипјанец ги тепал сопругата и децата, велешанец ја тепал партнерката на улица – шест пријави за семејно насилство за 24 часа
Штипјанец ги тепал и малтретирал сопругата и малите деца подолг период и по вчерашна пријава е приведен во полиција.
Препорачано
-На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека на 10.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, тој подолг период вршел физичко и психичко насилство во домот и физички ги напаѓал неговата сопруга и малолетните деца – соопшти МВР.
Тој е еден од тројцата приведени за 24 часа, а за истиот период пријавени се шест случаи на семејно насилство.
Приведен е 43-годишен кумановец кој ја тепал мајка му и пијан велешанец кој на улица ја тепал партнерката.
– На 10.04.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 40-годишник од велешко село. Според пријавеното, тој најпрво во домот на негов пријател, а потоа и на улица физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка. По преземени мерки било констатирано дека 40-годишникот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,21 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес. На 10.04.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:20 часот во викенд куќа во скопско, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т.(40). Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави – објави МВР.


