Фото: vfmkd.org.mk

Штип УГД поразен и во реваншот против Алијанц Милано во Челинџ купот

Македонскиот вицешампион, одбојкарскиот клуб Штип Угд настапот во Европа сезонава го заврши во 1/16 финалето од Челинџ купот откако во реваншот со 3:0 во сетови (25:18, 25:19, 25:17) загуби од Алијанц Милано на гостински терен.

Фаворизираниот италијански противник славеше и на првиот меч во Радовиш во три сета.

Алијанц Милано уште еднаш ја потврди фаворитската улога и со нов триумф во двомечот во осминафиналето, додека Штип УГД го заврши премиерното учество во европските клупски купови.

Одбојкарот на Штип УГД, Махди Задмард со 13 поени беше најефикасен играч на натпреварот, Стојан Илиев реализираше шест, а Стефан Алексов постигна пет поени.

На премиерата на европската сцена штипскиот состав до главната фаза од Челинџ купот стигна откако преку „златен сет“ го елиминираше Кол Ил од Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот