Фото: МИА

Штетата од природни катастрофи во светот изнесува 224 милијарди долари за една година

Минатата година, природните катастрофи предизвикаа штета од 224 милијарди долари, од кои осигурителите покриле околу 108 милијарди, објави мултинационалната осигурителна компанија Munich Re. Една година претходно, штетата достигна 368 милијарди долари, од кои 147 милијарди беа осигурани.

Временските непогоди, како што е објавено, беа причина за 92 проценти од загубите во 2025 година и 97 проценти од осигурените загуби. Исто така, се наведува дека околу 17.200 луѓе ги загубиле животите во природни катастрофи низ целиот свет, значително повеќе отколку во 2024 година (околу 11.000), но помалку од десетгодишниот или триесетгодишниот просек од 17.800 и 41.900, соодветно. Поплавите, силните бури и пожарите во 2025 година донесоа загуби од 166 милијарди долари, од кои 98 милијарди беа осигурени, а штетата од овие разурнувања беше поголема од просекот за десет и 30 години. Научниците генерално се согласуваат дека ваквите природни катастрофи стануваат сè посериозни и почести во многу делови од светот. Членот на Управниот одбор на Munich Re, Томас Бланк, истакна дека е потребно прилагодување кон ризиците, пренесе Н1.

Тој рече дека неговата компанија, во согласност со повеќегодишната стратегија, е подготвена да ја искористи својата експертиза и финансиска сила за да преземе уште повеќе ризици од природни катастрофи и да ја зајакне осигурителната мрежа за глобалната економија. Во исто време, главниот климатолог во компанијата за реосигурување од Минхен, Тобијас Грим, потсети дека претходните 12 години беа најтоплите во историјата и предупреди дека климатските промени можат дополнително да се влошат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот