Штербик ја заврши кариерата поради коронавирусот (ВИДЕО)

twitter.com/SEHALeague

Екс членот на Вардар донесе тешка одлука, дуелот против екипата на Татабања во Унгарија беше последниот во неговата кариера како професионален ракометар.

Еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња Арпад Штербик се повлече од ракометот.

Штербик кој е роден во Србија, од 2018 година го носи дресот на Веспрем, а во тековната сезона во унгарското првенство за него ќе биде и последна во кариерата, со оглед на тоа што најави повлекување.

Се одлучи и дефинитивно на тоа поради пандемијата на коронавирусот.

– Оваа одлука е навистина тешка за мене. Искрено, ми беше тешко повторно да се активирам и бранам после долгата пауза. Ми се чини дека дуелот со Татабања беше последниот кој го одиграв во кариерата. Жал ми е што нема да бидам во можност да одиграм уште еден Фајнал фор од Лигата на шампионите. Сакав да освојам уште една титула европски шампион – рече Штербик.

Пред да се врати во Унгарија во 2017 година успеа со Вардар да го освои трофејот во ЛШ.

Освен таа титула, има уште три во кариерата, со бројни медали на клупско и репрезентативно ниво. За Шпанија играше во 2008 година, а во 2005 беше прогласен за најдобар ракометар на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот