Штедење и на фудбалските терени: Нирнберг нема да игра вечерни натпревари

Нирнберг нема да игра вечерни натпревари на стадионот „Макс Морлок“/фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Германскиот второлигаш Нирнберг нема да игра вечерни натпревари откако градскиот совет во петокот одлучи да ја ограничи употребата на рефлектори на стадионот „Макс Морлок“ поради енергетската криза, пренесува „Ројтерс“.

Руската агресија врз Украина ги зголеми цените на енергијата ширум светот, а Германија, која беше силно зависна од руската енергија, се бори да ја намали потрошувачката на енергија како што се приближува зимата.

– Во зима може да има недостиг од гас и струја. Поради ова, градскиот совет повторно расправаше каде можеме да заштедиме енергија – се вели во соопштението и се додава дека донел одлука за ограничување на употребата на рефлектори и подземно греење.

– Греењето на теренот на стадионот ќе остане исклучено по договорот со Германската фудбалска лига (ДФЛ). Ја ограничуваме употребата на рефлектори најмногу до 21 часот – соопштија од Советот.

Така, поранешниот бундеслигаш нема да организира вечерни натпревари кои започнуваат во 20.30 часот. Нирнберг моментно е на 13 место во Втората германска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот