Шпанскиот Суд на ревизори бара Пуџдемон да врати 1,9 милиони евра во буџетот

Карлес Пуџдемон/ Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Шпанскиот Суд на ревизори ќе побара над 1,9 милиони евра од поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон за промовирањето на неговите сепаратистички идеи во странство сп буџетски средства, објави весникот „Ел Паис”.

Според весникот, Судот на ревизори го пресметал износот на буџетски средства што нелегелано биле потрошени за промовирање на идеите на поддржувачите на независноста на автономниот регион во странство и за барањето меѓународна поддршка. Околу 1,9 милиони евра ќе бидат побарани и од поранешниот каталонски вицепремиер Ориол Кункерас, кој беше осуден за референдумот за независност во 2017 година и помилуван минатата недела од шпанската Влада.

Дури 39 имиња на поранешни функционери и службеници од каталонската администрација, се вклучени на списокот од кои националниот Суд на ревизори ќе бара отштета. Судот за ревизија инсистира во буџетот да се вратат вкупно 5,4 милиони евра, што регионалните власти ги потрошиле во периодот 2011-2017 година за да го промовираат нивниот проект за референдум за независност на Каталонија од Шпанија.

Пуџдемон во моментов живее во Белгија, каде избега од шпанската правда непосредно по референдумот за независност на Каталонија. Властите во Шпанија се обидуваат да го екстрадираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот