Шпански актер уапсен на Филмскиот фестивал во Венеција: Обвинет е за сексуален напад

Фото: Instagram/ gabrieloxguevaraa

Шпанскиот актер Габриел Гевара, ѕвезда на филмот „My Fault“, беше уапсен за време на Филмскиот фестивал во Венеција, под обвинение за сексуален напад, пишува „Дејли мејл“.

Како што пренесуваат медиумите, за актерот е спроведена меѓународна потерница поради сексуален напад во Франција. Апсењето првично било објавено од венецискиот дневен весник „Ла Нуова Венеција“.

Полицијата во Италија го привела 22-годишниот Шпанец, во саботата на 2 септември, ден откако беше објавено дека ќе му биде врачена награда. Но, сè уште не се познати деталите од обвинението против него.

Споменатиот настан не е поврзан со програмата на филмскиот фестивал. Организаторите на наградата за најдобар филм изјавија дека превентивно ја суспендирале наградата, додека чекаат да се утврдат доказите против Гевара и да бидат целосно убедени дека правдата ќе го следи својот тек.

Фото: Instagram/ gabrieloxguevaraa

Апелациониот суд во Венеција се очекува да одлучи дали Гевара ќе биде екстрадиран од земјата.

Инаку, актерот Габриел Гевара не беше официјален гостин на 80. Филмски фестивал во Венеција, но беше најавено дека ќе присуствува на настанот за доделување на наградата, во хотелот „Екселсиор“.

Тој требаше да ја добие наградата за најдобар филм за меѓународна млада генерација, за улогата во филмот „My fault“. Габриел Гевара има милиони следбеници на социјалните мрежи, a глумеше и во тинејџерската серија „Scam“.

ФОТО | Славниот Италијанец шокираше со изборот на чевли во Венеција

ВИДЕО | Интервју со Тамара Котевска, дел од режисерскиот тандем на „Медена земја“: Имавме напорна турнеја низ САД како некој рок бенд

ФОТО | Мајката на Рита Ора ѝ се развикала по „инцидентот“ со српското знаме, a сега се огласи

ФОТО | Сите очи вперени во адвокатката: Амал Клуни го донесе целиот гламур во Венеција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот