ФОТО | Славниот Италијанец шокираше со изборот на чевли во Венеција
Во време кога сите граници се одамна поместени и речиси ништо не може да шокира или изненади, италијанскиот моден дизајнер Диего Долчини сепак, најде начин да се истакне на овогодинешната Мостра.
Препорачано
Долчини на премиерата на филмот „The Palace“ пристигна во многу интересен стајлинг, чија „ѕвезда“ беше неговиот избор на обувки. Многу екстравагантно и неочекувано!
Диего пристигна на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција во друштво на својата пријателка – актерката Лукреција Ланта дела Ровере, а и двајцата беа одлично расположени и подготвени да позираат.

Италијанскиот дизајнер го имитираше одењето на жените на високи потпетици, што не беше премногу тешка задачам бидејќи тој самиот ги носеше.
Долчини се појави во многу атрактивно и добро модно издание – избра свечени црни панталони „на линија“, бела кошула и одлично палто со кариран дезен и сатенски ревер, но одлучил сè да зачини со црни сандали со високи тенки потпетици и ременчиња. Дури и ноктите на нозете ги обоил во соодветна црна боја.

Ова е дефинитивно детаљ кој провоцира и интригира, а можеби е и само добра реклама, со оглед на тоа што овој Италијанец е најпознат по дизајнирање на квалитетни и луксузни женски чевли.


