ВИДЕО | Интервју со Тамара Котевска, дел од режисерскиот тандем на „Медена земја“: Имавме напорна турнеја низ САД како некој рок бенд

Целата кампања за Оскар е една авантура која што можеби еднаш во живото се случува, но исто така е многу напорна. Бара многу внимание, притисок од јавноста и филмаџиите кои се решиле да се занимаваат со креативна работа не се баш спремни за вакво нешто, им треба малку подготовка и ние таа подготовка ја имавме од нашите дистрибутери, од „Неон“. Но целото тоа повеќе наликува на политичка кампања, бидејќи секој се бори за својот филм секој треба точно да знае како ќе се претстави, каде ќе го направи тоа, со кои луѓе ќе зборува, вели за Утрински брифинг, Тамара Котевска, дел од режисерскиот тандем на „Медена земја“.

Турнеите се прават во текот на целата година низ Америка и низ цел свет. Ние имавме една турнеја која што беше налик на некој рок бенд. 100 летови во една година, без стопирање, со пет дена во Скопје поминати во текот на целата година, раскажува Котевска.

Целиот разговор со режисерката на „Медена Земја“, Тамара Котевска погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот