ФОТО | Сите очи вперени во адвокатката: Амал Клуни го донесе целиот гламур во Венеција
Гламурозното патување на Џорџ и Амал Клуни во Венеција сè уште трае, а по повод вечерното излегување во елегантен ресторан, одлучиле да се појават во исклучително елегантно издание.
Препорачано
Амал изгледала прекрасно во смарагдно зелениот фустан со свилени детали и шлиц кој ги открил нејзините бутови и затегнатите нозе, пренесува „Пејџ сикс“. Ниту 62-годишниот актер не бил за фрлање, кој за оваа пригода облекол темносино палто.

Отмената двојка пристигнала во Венеција во вторникот во хотелот „Ципријани“ на 80. меѓународен Филмски фестивал во Венеција, каде што ќе биде прикажан „The Boys in the Boat“ во режија на Клуни.

На својот прв ден во Венеција, 45-годишната Амал носела бел цветен мини фустан без ракави со темносини цветни детали што се согласувало со сината поло маица и ленените панталони на Клуни.

Да потсетиме, Клуни долги години беше познат како „најпосакуваниот ерген во Холивуд“, а со адвокатката за човекови права Амал се ожени во 2014 година. Три години подоцна ги добија близнаците Александар и Ела.


