Шпанската тенисерка Суарез Наваро е тешко болна

epa08149163 Carla Suarez Navarro of Spain in action during her women's singles second round match against Aryna Sabalenka of Belarus at the Australian Open Grand Slam tennis tournament in Melbourne, Australia, 22 January 2020. EPA-EFE/LYNN BO BO

Шпанката во наредните шест месеци ќе би помине на хемотерапија поради Хочкинов лимфом.

Карла Суарез Наваро во наредниот период ја очекува најтешката борба во животот, и тоа нема да биде на тениските терени. Поранешната шеста тенисерка на светот, дозна дека боледува од Хочкинов лимфом, односно малигно заболување на лимфното ткиво.

Лекарскиот тим веднаш и укажа на Шпанката дека болеста е откриена на време и постои можност да се излечи и тоа со хемотерапија.
– Морам веднаш да реагирам, а хемотерапијата ќе трае шест месеци – изјави Наваро.

Шпанката во декември минатата година објави дека 2020 година ќе и биде последна во професионалната кариера.

Веднаш по објавата дека боледува од тешка болест, почна да пристигнуваат пораки со поддршка од сите страни, а највеќе од тенискиот свет и од спортот. Фудбалскиот клуб Барселона, организаторот на Вимблдон, нејзините колешки, како и Новак Ѓоковиќ и порачаа на Карла Суарез Наваро да ја издвојува најважната победа во својот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот