фото: EPA-EFE/KAI FOERSTERLING

Шпанската полиција уапси фудбалер на Валенсија и соиграч на Димитриевски

Како што пренесува „Кадена СЕР“, фудбалерот на Валенсија и соиграч на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, Рафа Мир е уапсен поради сексуален напад на две девојки во неговиот дом во неделата вечерта.

Веднаш било пријавено во полиција, а двете девојки отишле и на лекарски преглед.

Шпанецот беше уапсен во понеделникот вечерта и моментално е во притвор.

Тој летово се врати во својот матичен клуб Валенсија како позајмен играч од Севиља, а оваа ситуација може многу да се одрази на неговата кариера.

– Во врска со медиумските извештаи кои се појавија во врска со апсењето на фудбалерот на Валенсија, Рафа Миро, ве известуваме дека клубот е запознаен со споменатото апсење. Во недостиг на детали за тоа, клубот засега може само да потврди дека ќе соработува во сѐ што може да бара правдата – пишува во официјалното соопштение на Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот