Шпанија од 20 мај ќе ги укине ПЦР тестовите за Британците

ПЦР тест / Фото: Архива

Плановите за укинување на барањата за ПЦР тестови се дел од пошироката ревизија на европските регулативи за патување надвор од ЕУ, што Марото очекуваше да биде одобрено до 20 мај.

Шпанија од 20 мај планира да го укине барањето, според кое Британците треба да презентираат негативен ПЦР тест против коронавирус по пристигнувањето во земјата, под услов стапката на инфекција во Велика Британија да продолжи да опаѓа, рече денеска шпанската министерка за туризам, Рејес Марото.

„Со отворање на британскиот пазар, Британците ќе можат да ја посетат Шпанија”, нагласи Марото по состанокот на владата.

Плановите за укинување на барањата за ПЦР тестови се дел од пошироката ревизија на европските регулативи за патување надвор од ЕУ, што Марото очекуваше да биде одобрено до 20 мај.

„Британците би можеле да не посетуваат од 20 мај без ПЦР тест доколку стапките на инфекција се под моментално забележаниот опсег, кој сега изнесува 50 случаи на 100.000 луѓе”, рече Марото.

Таа исто така истакна дека Шпанија мора да ја намали сопствената стапка на инфекција за да ја охрабри британската Влада да ги укине ограничувањата за патниците кои се враќаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот