Шпанија не изненади, сами сме си криви за поразот

фото: fiba.basketball

Шпанија во дербито на втората фаза од СП во Кина ја победи Србија со 81:69 и си обезбеди полесен пат до финалето, за разлика од Србија за која патот до битката за титулата е далеку потежок со пресметки со Аргентина и САД.

– Шпанија не надигра во сите елементи од кошаркарската игра. Ова е тежок пораз, но одиме понатаму. Ќе биде многу потешко. Потребен ни е одмор за да го заборавиме поразот. Не можам да кажам дека се срамиме, но одигравме катастрофално. Можеме да ги обвинуваме судиите до утре, но ова е само наш пораз – изјави Немања Бјелица.

Слично размислува и капитенот Мирослав Радуљица.
– Шпанците не изненадија со цврстата игра, ние одигравме многу млако и ја држевме топката повеќе отколку што требаше. Одлично не прочитаа и ова ни е големо школо за продолжение на настапите на СП во Кина – вели Радуљица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот