Абортус жена
Илустрација на женско тело со испишана порака „Мое тело, мој избор“ / Фото: Lidziya Sviardlova / Alamy / Alamy / Profimedia

Шпанија дозволи девојките да абортираат на 16 години без согласност од родителите

Шпанскиот Парламент денеска усвои пионерски закон за сексуално и репродуктивно здравје со кој на девојките на возраст од 16 и 17 години им се дозволува да абортираат без согласност од родителите. Исто така, со Законот се предвидува и платено боледување за жените кои страдаат од болни менструации.

„Овие подобрувања обезбедуваат слобода над сопственото тело и го потврдуваат статусот на полноправни граѓани за половина од нашето население, рече министерката за родова еднаквост Ирен Монтеро пред гласањето, кое помина со 190 гласа „за”, 154 „против” и петмина воздржани.

Законот, на кој се спротивставија конзервативните активисти и Католичката црква, беше претставен од страна на владејачката левичарска коалиција во мај.

Согласно законот, се укинува тридневниот период на „размислување” за жените кои сакаат да абортираат и се укинува обврската на девојките на возраст од 16 и 17 години да добијат родителска согласност за постапката.

Законот вклучува и платено боледување за жени од 39-та недела од бременоста, бесплатна дистрибуција на менструални производи во јавни институции како што се училишта, затвори и болници, а сурогат мајчинството, кое е нелегално во Шпанија, се дефинира како форма на насилство врз жените.

Законот сега оди во Горниот дом на Парламентот на конечно одобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот