Шпанците пред решение за празните трибини – навивачи на плејбек

twitter/Real Madrid Info

Челниците на Ла Лига ги разгледуваат опциите со кои натпреварите во продолжението од сезоната кои ќе се играат пред празни трибини, да направат помалку „стерилни“.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Ла Лига размислува за време на натпреварите да се емитуваат звуци на навивачи за фудбалерите да добијат поприродно чувство.

Целта на оваа идеја е со звучните ефекти да се влијае на амбиентот во кој се игра натпреварот бидејќи трибините ќе останат празни.

Најголем број од европските лиги се согласија да се доиграат актуелните национални првенства но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе се играат без присуство на гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот