Шокантни тврдења на Парис Хилтон за сексуалното злоставување во училиште: Ме тераа да ги раширам нозете

профимедиа
Фото: Профимедиа

Богатата и славна наследничка Парис Хилтон откри за „Њујорк тајмс“ дека била жртва на сексуална злоупотреба во интернатот во „Прово Кањон“ во Јута, каде што поминала 11 месеци кога имала 16 години.

„Многу доцна навечер, околу три или четири часот наутро, мене и другите девојки нѐ носеа во соба и ни правеа прегледи. Дури ниту лекар не беше присутен. Имаше неколку различни членови на персоналот, нѐ ставаа на маса и ни правеа „гинеколошки прегледи“. И не знам што ни направија, но тоа дефинитивно не го правеше лекар и беше навистина страшно. Беше страшно и тоа е нешто што ме блокираше многу години. Но сега постојано се враќа и размислувам за тоа. Дури и денес, гледајќи наназад како возрасна личност, сфаќам дека тоа беше сексуална злоупотреба“, рекла Парис Хилтон, која тврди дека во интернатот ги принудувале на бизарни прегледи на грлото на матката.

„Ненаспиена и под силни лекови, не разбирав што се случува. Бев принудена да легнам на тапацирана маса, да ги раширам нозете и да се подложам на прегледи на грлото на матката. Плачев додека ме држеа и велев: „Не!“. Тие само велеа: „Замолчи. Потивко…“.


„Важно е да зборувам за овие болни моменти за да можам да се излекувам и да помогнам ова злоставување да заврши“, рекла наследничката на империјата Хилтон.

„Ова беше искуство кое се повторува не само мене, туку и на другите кои го доживеале (мислејќи на последиците од траумата). Бев злоставувана и плачам додека го пишувам ова бидејќи никој, а особено дете, не треба да биде сексуално злоставувано. Украдено ми е детството и тоа ме убива. Ова сè уште им се случува на невини деца“, порачала таа на крајот.

За злоставувањето во училиштето зборуваа и други кои престојувале во истиот интернат, на видеото од Твитер може да се слушне и мајка чиј син бил жртва на насилство.

Управата на споменатото училиште сѐ уште не се огласила.

Ја чекаше за да не се разделат ниту момент: Картер Реум ја чекаше Парис Хилтон да ги облече нејзините 4 венчаници

Почна да ме тепа, морав да го повикам обезбедувањето: Поранешното момче на Парис Хилтон тврди дека не му дозволувала да ѝ раскине

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот