Шок видео: Гол трчал 3 километри низ Сплит, полицијата едвај го фатила и го спакувала во „корона одело“

принтскрин

Мажот успеал повеќе пати да и побегне на патолата, а кога на крајот го фатиле го спакувале во заштитно корона одело…

Полицијата во Сплит денес уапси непознат маж кој, како од мајка роден, успеа да истрча дури 3 километри низ градот, без во меѓувреме да го фатат.

Непознатиот егзибиционист го снимиле повеќе лица низ градот кои биле шокирани од ваквата случка, а потоа успеале да го снимат и самото апсење. Многу жени и постари дами биле преплашени од непознатиот маж.

На видеото се гледа како полициски автомобил му го попречува патот но тој си поминува покрај него, а во следниот кадар повеќе мажи во сино трчаат по него. Кога конечно го фатија беа принудени да го оборат на земја и да му стават лисици, бидејќи тој се спротивставуваше на апсењето.

Потоа полицајците од гепекот извадија заштитно корона одело, па го облекоа на среде улица. Егзибиционистот завршил во полициска станица, а Сплит бил ослободен од непрјатните сцени.

Goli trkač u Splitu

Goli trkač u Splitu

Publiée par Split UŽIVO sur Vendredi 15 mai 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот