ШОК: Српскиот репрезентативец Тошиќ нападнат со нож среде Белград

EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Душко Тошиќ утринава е нападнат на Калемегдан додека џогирал.

Фудбалерот бил во друштво на координаторот за физичка подготовка и рехабилитација во српската репрезентација, Андреја Милутиновиќ кога утринава биле нападнати со нож и со електрошокер од тројца напаѓачи и тоа додека џогирале.

„За да ги запрам шпекулациите, да точно е дека моите колеги (тројца странци) и јас бевме нападнати на утринскиот тренинг на Калемегдаб. Не нападна група на хулигани која со себе имаше ножеви и електрошокери. За среќа се заврши без поголеми последици, полицијата навреме реагираше и ги уапси напаѓачите кои за жал и зададоа посериозни повреди на една жена која случајно поминуваше“, напиша Тошиќ на својот Инстаграм профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот