Холандскиот премиер Дик Шоф / Фото: EPA/ROBIN UTRECHT

Шоф: Холандија ќе му ја врати на Египет скулптурата стара 3500 години

Холандија ќе му врати на Египет скулптура стара околу 3.500 години што се појави на холандски саем на уметноста , изјави денеска премиерот Дик Шоф за време на посетата на земјата, каде што се сретна со египетскиот претседателот Абдел Фатах ел-Сиси.

Како што пренесува „Н1“, се верува дека артефактот, на кој е прикажан висок функционер од владеењето на фараонот Тутмос III (1479–1425 п.н.е.), бил украден и нелегално извезен, најверојатно за време на немирите што следеа по Арапската пролет во 2011 година, по што се појави на меѓународниот пазар на уметност.

Историскиот и културниот артефакт беше запленет на Холандскиот саем за уметност во Мастрихт во 2022 година, рече Шоф, откако властите добија анонимна дојава за неговото нелегално потекло.

Истрагата  на холандската полиција и инспекторатот за културно наследство потврдија дека скулптурата е украдена и нелегално изнесена од Египет.

Холандската влада соопшти дека очекува скулптурата да му биде предадена на египетскиот амбасадор во Холандија до крајот на оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот