Шкупи со емотивна порака се збогуваше од тренерот Жижовиќ
Екипата на Шкупи денеска со емотивна порака преку социјалните мрежи се прости од својот поранешен тренер, Младен Жижовиќ, кој трагично го загуби животот вчера, откако му се слоши за време на натпреварот меѓу Младост Лучани и Раднички.
Препорачано
„Со длабока тага се збогуваме од нашиот поранешен тренер Младен Жижовиќ. Твојата посветеност, страст и лидерство секогаш ќе останат во нашите сеќавања. Засекогаш си дел од нашата историја“, стои во објавата на чаирскиот клуб.
Жижовиќ го презеде Шкупи на 9 септември 2023 година, како наследник на Џихат Арслан, и остана на клупата до 18 април 2024 година.
Во тој период тимот под негово водство одигра 21 натпревар, при што забележа 13 победи, шест ремија и само два пораза. По елиминацијата од Тиквеш во Купот на Македонија, клубот се реши за промена и на негово место беше назначен Ернест Ѓока, кој ја заврши сезоната.
Преземено од: Спорт.ком.мк
ВИДЕО: Поранешен тренер на Шкупи почина за време на меч во Србија, играчите и соработниците во шок
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
15мин
-
44мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


