Играчите на Раднички беа шокирани од ненадејната смрт на тренерот Жижовиќ / Фото: скриншот

ВИДЕО: Поранешен тренер на Шкупи почина за време на меч во Србија, играчите и соработниците во шок

Поранешниот тренер на ФК Шкупи, а актуелен на Раднички Крагујевац, Младен Жижовиќ, ненадејно почина на 44-годишна возраст за време на натпревар од српското првенство против Младост од Лучани.

Трагедијата се случила на средината од првото полувреме, кога на Жижовиќ наеднаш му се слошило и паднал покрај клупата. Медицинскиот тим веднаш реагирал и го пренел во болница, но, и покрај сите напори, тренерот не успеал да преживее. Веста за смртта на тренерот пристигнала кон крајот на полувремето, по што судијата веднаш го прекинал натпреварот, кој се пренесуваше во живо на телевизијата „Арена Спорт“.

Шокираните фудбалери на двете екипи беа во солзи поради трагичната вест.

Жижовиќ, кој е од Босна и Херцеговина, дојде во Скопје во септември 2023 година и ја водеше екипата на Шкупи една сезона, по што седна на клупата на Борац Бања Лука, со кој го оствари еден од најголемите успеси во историјата на клубот – пласман во Конференциската лига.

Во текот на оваа година го напушти Борац и пред само десетина дена беше именуван за тренер на Раднички Крагујевац, каде ова му беше само вториот натпревар на клупата.

Во својата кариера Жижовиќ беше тренер и на Слобода Тузла, Зрински Мостар и Радник Бијељина. Тој има и четири настапи за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот