Шкупи се збогуваше со Омер Буњаку, го напушта клубот по шест години

Фото: Оmer Bunjaku/FB

Oткако вчера на социјалните мрежи спортскиот директор Омер Буњаку ја најави разделбата со Шкупи кој не успеа сезонава да ја одбрани шампионската титула, денес клубот од Чаир и официјално потврди дека долгогодишниот спортски директор си заминува од клубот.

Во објавата на социјалните мрежи Шкупи порача дека Буњаку заминува по негова желба, но потенцираше дека секогаш ќе остане дел од нивното семејство и за него вратата во клубот ќе биде отворена и во иднина.

„Омер Буњаку со кого поминавме шест години во добро и зло одлучи да не напушти поради негови лични причини во кариерата. Секогаш за нас ќе остане важен и вреден пријател кој работеше со голема посветеност и за него секогаш ќе има место во клубот. Иако нема да работиме заедно, нашите срца секогаш ќе бидат како едно. Ти благодариме“, објави Шкупи.

Инаку, ова е само едно од заминувањата кои започнаа во Чаир во претходниот период. Пред три дена потврди дека заминува Фреди Алварез кој беше еден од најдобрите фудбалери на клубот, а си замина и техничкиот директор Јане Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот