Шкупи се подалеку од европска есен, поразен во Скопје од Балкани

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонскиот фудбалски шампион направи чекор наназад во обидот да обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на конференции откако во првиот натпревар од плеј-офот загуби од Балкани со 1:2.

Иако беа подобар тим на Националната Арена „Тодор Проески“, имаа повеќе шанси, ја погодија и пречката и имаа два зицери во финишот, фудбалерите на Шкупи на крајот загубија од косовскиот тим кој својата шанса ја чекаше и ја дочека преку противнападите како и од грешките на македонскиот шампион.

Шкупи уште од стартот се обиде да наметне свој ритам на игра и првата шанса ја имаше преку Адетунџи чиј шут го одбрани голманот на Балкани.

Македонскиот првак поведе во 18 минута кога Алварез нафрли од десната страна, а Адетунџи успеа да ја затресе мрежата да гостите.

Водството на Шкупи траеше само четири минути кога Рахмани успеа да го совлада голманот Наумовски
До крајот на првиот дел, фудбалерите на Гоце Седлоски се обидуваа повторно да дојдат до водство, не ниту Алварез ниту Адетунџи не беа прецизни.

Второто полувреме започна со офанзива на Шкупи, но не усоеаја да направат посериозна шанса, додека Балкани се закануваше преку противнападите.

Дисциплинираната игра на Балкани се исплатеше во 67 минута кога Кореница со одличен шут од 20-тина метри го совлада Наумовски.

До крајот на средбата, играчите на Шкупи имаа неколку шанси, Хамиди ја погоди пречката, а во финишот, во 81 минута голот на Адетунџи беше поништен поради офсајд, додека во последните моменти Цефас имаше чист зицер, од пет метри шутираше со глава над голот.

Реваншот ќе се игра следниот четврток во Приштина, а Шкупи мора да брка победа од два гола доколку сака историски пласман во Лигата на конференции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот