Шкупи против косовски Балкани ќе брка пласман во Лигата на конференции

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонскиот шампион Шкупи вечерва го доби противникот во плеј-офот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции, тоа е косовски Балкани кој го преживеа гостувањето во Фарски Острови кај Клаксвик и победи по подобро изведување пенали.

Реванш натпревар во регуларниот дел заврши 2:1 за Клаксвик кој успеа да ја анулира предноста на Балкани од првиот натпревар (2:3) по што се играа продолженија.

Во дополнителното време немаше промена на резултатот и победникот мораше да биде одлучен во пенал серијата каде играчите на Балкани промашија само еднаш додека Клаксвик не реализира два пенали преку Холвад и Даниелсен.

Првиот натпревар од плеј-офот ќе се игра идниот четврток во Скопје, а реваншот е закажан за 25 август во Приштина.

Поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани постигна два гола за Кишварда во реванш натпреварот против Молде, но не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот. Асани двата гола ги постигна во првото полувреме, во 14 и во 29 минута, но тоа беше премалку за Кишварда да го елиминира Молде кој во првиот дуел славеше со 0:3, а вечерва загуби само со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот