Шкупи против Балкани брка пласман во групната фаза во Лигата на конференции

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи вечерва (21 часот) против Балкани го игра првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции. Фудбалерите на Шкупи првиот чин од двомечот со Балкани во кој бркаат историски пласман во групната фаза, ќе го играат на Националната арена „Тодор Проески“.

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, очекува од неговите фудбалери со мирни глави да влезат во натпреварот и да се обидат да дојдат до позитивен резултат што би им гарантирал помирен реванш идниот четврток.

– Ни следува двомечот против Балкани, добра вест е што ги имам сите играчи на располагање, немаме повредени, ни казнети. Треба со мирни глави да влеземе во мечот, да бидеме трпеливи, најдобро што можеме да се претставиме против Балкани. Верувам дека сме способни за тоа, гледам како тренираат фудбалерите и сметам тоа ќе го реализираат на теренот. Балкани е квалитетен противник, штом стигна до плеј-офот значи дека има добри играчи. Во Скопје ќе биде само „првото полувреме“, нашето е да го дадеме максимумот и бидат исполнети задачите кои ќе бидат поставени – изјави Седлоски на прес конференцијата пред утрешниот дуел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот