Шкупи денеска на „Максимир“ по добар резултат против Динамо Загреб

Шкупи одигра храбро на „Максимир“ за реми против Динамо Загреб/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Денеска екипата на Шкупи ќе го игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите против Динамо Загреб (21.00 часот) на стадионот „Максимир“.

Македонскиот првак е свесен дека фаворитската улога ја имаат „модрите“, но играчите на тренерот Гоце Седлоски ветуваат дека ќе се борат максимално со цел да остварат позитивен резултат пред реваншот на 26 јули во Скопје.

Во редовите на Динамо настапуваат двајца наши репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои се очекува да бидат на располагање кај Анте Чачиќ за вечерашниот дуел кој ќе го суди Раду Петреску од Романија.

– Играме против еден од најдобрите клубови на овие простори. Знаеме по што дојдовме, нема да биде лесно. Знаеме како игра Динамо, го следевме и анализиравме. Сакаме да се претставиме во добро издание, а колку тоа ќе ни го дозволи противникот, ќе видиме. Динамо игра доста напаѓачки фудбал со новиот тренер Чачиќ. Нека биде еден добар натпревар, нека дојдат што повеќе гледачи на „Максимир“ да уживаат и нека победи подобриот. Динамо е фаворит, но знаете каков е денешниот фудбал – вели Седлоски.

Квалификации, Лига на шампиони
2. квалификациско коло, први натпревари

Денеска
18.00 часот
Пјуник Ереван – Дуделанж
Карабах – Цирих
Жалгирис – Малме

19.45 часот
Лудогорец – Шамрокс Роверс
Митјиланд – АЕК Ларнака

20.45 часот
Линфилд – Бодо/Глимт

21.00 часот
Динамо Загреб – Шкупи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот