Шкендија пукна „петарда“ во дербито против Вардар

фото: ФК Шкендија

Дерби натпреварот во деветтото коло во Првата фудбалска лига и припадна на Шкендија која со убедливи 1:5 го совлада Вардар и ја продолжи серијата без пораз во дуелите со „црвено-црните“.

Ова воедно беше и прва победа за Шкендија по пауза од две години во пресметките со Вардар кој пак од друга страна цели три години чека на радост во дуелот со големиот ривал.

Вардар поведе со голот на Попзлатанов уште во 11. минута, но до крајот на полувремето фудбалерите на Шкендија прават пресврт благодарение на Флорент Рамадани и Валон Ахмеди.

Во второто полувреме добрата игра на Националната Арена „Тодор Проески“, гостите од Тетово ја крунисаа со три гола. Во 61. минута погоди Бесарт Ибраими потоа на 10 минути до крајот Тотре стрелаше за 1:4, а конечниот резултат го постави Валон Ахмеди со својот втор гол кој го постигна од пенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот