Шкендија против Мура ја отвора сезоната во европските купови

фото: ФК Шкендија

Вечерва од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, екипата на Шкендија ги започнува натпреварите во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Противник на македонскиот фудбалски шампион е словенечка Мура.
– Состојбата е одлична во нашите редови, се подготвувавме добро во изминатиот период за овој предизвик. Играчите се спремни за двомечот со Мура, и противникот има свој квалитет, но мислам дека можеме да се надеваме на успешен европски старт – вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Иако словенечкиот шампион воопшто не е наивен тим, капитенот на Шкендија и македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи смета дека Мура не е непобедлив тим и со колективна игра можат да се пласираат во втората рунда од квалификациите.
– Ќе работиме на тоа за да дојдеме до остварување на целта, а тоа е пласман во групната фаза. Екипата на Мура ја анализиравме добро, има добар тим, мислам дека можеме да ја прескокнеме оваа пречка. А за да ја поминеме потребна е колективна игра во овој двомеч, искуството е наша страна, но нема да ни биде лесно, доколку не го дадеме максимумот. Мора да дадеме сè од себе и се надеваме дека на крајот ќе оствариме позитивен резултат и ќе ги израдуваме нашите навивачи – вели Бејтулаи.

Фото: ФК Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот