Шкендија игра за пласман во плеј-офот за Лигата на конференции

Шкендија и АИК одиграа без победник во првиот натпревар/Фото: EPA-EFE/Ali Lorestani

Фудбалерите на Шкендија вечерва (20 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ против АИК Стокхолм го играат реванш натпреварот од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.

Тетовските „црвено-црни“ имаат активен резултат од првиот натпревар, во Стокхолм средбата заврши без победник 1:1 и пред своите гледачи ќе се обидат да го елиминираат шведскиот тим.

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири верува дека неговите фудбалери се подготвени за вечерашниот предизвик иако е свесен дека тоа ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Стокхолм.

– Ќе биде тоа поразличен натпревар од оној првиот, затоа што сега едноставно мора да има победник. Ништо не значи оној нерешен резултат од Стокхолм, ако не одиграме повторно квалитетно и мотивирано за победа. Ние размислуваме само на победа, па нека биде тоа и на пенали. Искрено верувам дека можеме да го елиминираме овој противник, кој добро го познавам затоа што две години играв во Шведска – вели Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот