Шишкарев: Ни гарантираат дека ќе ги исплатат долговите до крајот на 2020 година!

Наскоро рускиот интернационалец ќе се раздели со Вардар после шест години, а од следната сезона ќе биде член на Веспрем.

Руското десно крило кое успеа двапати со Вардар да ја освои титулата во Лигата на шампионите, наскоро ќе го напушти клубот.

Како што е веќе познато, Данил Шишкарев после шест години ќе се раздели со „црвено-црните“ и од следната сезона ќе ги брани боите на унгарскиот клуб Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Вардарци нема да ја бранат титулата од минатата сезона, откако ЕХФ донесе одлука да ги откаже осминафиналните и четвртфиналните дуели и го закаже Ф4 турнирот во Келн во декември годинава.

Алушовски: Доаѓа рускиот бек Санталов, го сакам и Талески во Вардар

Русинот (кој до 30 јуни е играч на Вардар) е исто така свесен за финансиските проблеми и долговите на клубот кон играчите.

Прочитајте и...  Ливерпул во јануари задолжително да го купи Упамекано

Во интервјуто за „handballfast.com“ потврди дека е можно во екипата да останат неговите сонародници Тимур Дибиров, Глеб Калараш и Сергеј Горбок.

Ни беа дадени нотарски документи, според кои треба да се исплатат сите долгови до крајот на 2020 година. Ова е краен рок, иако сè може да се случи и порано – рече Шишкарев.

Целото интервју на Шишкарев за „handballfast.com“ ТУКА

Поврзани вести

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерс турнирот во Париз!

Слободен печат

ВИДЕО: Барса пукна „петарда“, Решфорд им пресуди на париските „светци“!

Слободен печат

Кастратовиќ: Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки!

Слободен печат

ВИДЕО: Го нема Роналдо, тука е Мората – големо изненадување во Русија!

Слободен печат

Лига Европа: Металург поразен на гостувањето во Франција

Слободен печат

Најплатениот играч на Арсенал не е регистриран ни за Премиер лигата!

Слободен печат

Остави Коментар