Шилтон: Чиста измама, Марадона никогаш не ни се извини!

Фото: EPA-EFE

Поранешниот голман на репрезентацијата на Англија не може да го заборави историскиот момент на Светското првенство во Мексико 1986 година.

Питер Шилтон и по 34 години не може да се помири со тој погодок дефиниран како „Божја рака“ на Диего Армандо Марадона што значеше елиминација на Англичаните во четвртфиналето на Мундијалот.

– Како можеше да очекуваме такво нешто? Марадона скокна истовремено како и јас, обидувајќи се да ја фати топката. Тој знаеше дека не може да ја удри со глава, па ја испрати со раката во мрежата. Тоа беше гол надвор од сите правила, чиста измама. Тој се сврте за да ја види реакцијата на судијата која ја немаше и започна да го слави голот. Да не го постигнеше тој гол, немаше да следува ниту оној вториот, кој беше навистина брилијантен – рече Шилтон.

Меси тагува по смртта на Марадона: Диего е вечен, не остави, но не си заминува

Марадона почина во средата од срцев удар, а целиот свет со тага се збогува од него, што не е ни чудно бидејќи тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот.

– Никогаш не се извини поради тој гол. Никогаш не рече дека мамел и дека му е жал, туку инсистираше на приказната дека тоа е „Божја рака”. Тоа не беше во ред од негова страна – додаде поранешниот голман на Англија.

Роналдо се прости од Марадона: Никој нема да ја пополни празината која ја остави Диего

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот