Ибра: Бог му го даде на светот најдобриот фудбалски подарок на сите времиња!

Фото: instagram.com/iamzlatanibrahimovic

Фудбалскиот свет тагува поради смртта на еден од најдобрите играчи во историјата, Диего Армандо Марадона.

Многумина се збогуваат со легендарниот Аргентинец преку социјалните мрежи, а истото го направи и Златан Ибрахимовиќ, играчот на Милан.

– Марадона не е мртов, тој е бесмртен. Бог му го даде на светот најдобриот фудбалски подарок на сите времиња. Тој ќе живее вечно – напиша Швеѓанецот на „Инстаграм“.

Аргентинскиот претсeдател Алберто Фернандез веднаш прогласи тридневна жалост.

Во Неапол (Италија) се најавува промена на името на стадионот „Сан Паоло“ во Диего Армандо Марадона.

Последната фотографија на Марадона: Ја преживеа операцијата на главата но го издаде срцето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот