Последната фотографија на Марадона: Ја преживеа операцијата на главата но го издаде срцето

DEMIAN ALDAY ESTEVEZ / EPA

Диего Армандо Марадона денеска на 60-годишна возраст почина од срцев удар во својот дом, пренесоа аргентинските медиуми.

Последната фотографија на легендарниот „Ел Пибе“ беше направена во болницата во близина на Буенос Аирес по операцијата на главата поради крварење во мозокот.

„Мојот татко е хоспитализиран бидејќи поминува низ емотивни проблеми. Не постои физичка болест поради која е во болница. Направи многу грешки во животот и многу му простија, но тој и понатаму не се чувствува добро. Се соочува со тоа што му се случи. Неговата главна цел е да го задржи семејството покрај него. За прв пат сите сме обединети околу тоа на него да му биде добро. Работите се подобруваат но тоа се случува полека и споро“, напиша неговиот син Диего Синагра.

Марадона беше отпуштен од болницата и требаше да биде однесен во рехабилитациски центар за да се лечи од зависноста од алкохол, но докторите попуштија на молбите на семејството и на личниот лекар, легендарниот фудбалер да замине во својот дом каде десетина дена подоцна почина од срцев удар.

Токму од клиниката Ипенса во Буенос Аирес е направена последната фотографија на Диего Марадона. Тој се сликаше со насмевка на лицето но и со завој на главата.

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

ВИДЕО: Шест минути емоции, Марадона во една песна го опиша својот живот

Роналдо се прости од Марадона: Никој нема да ја пополни празината која ја остави Диего

Пороците кои го уништија Марадона: Не можеше без кокаин, а пред него клечеа кумовите на мафијата

ФОТО: Си замина еден од најголемите на сите времиња: Ова се познати, но и непознати детали од животот на Диего Марадона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот