-1 C
Скопје

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

Лекувањето на Куба донесе големо пријателство на легендарниот фудбалер со лидерот Фидел Кастро.

Диего Армандо Марадона почина денеска на 25. ноември, истиот ден кога почина и неговиот голем пријател, кубанскиот лидер Фидел Кастро.

ФОТО: Си замина еден од најголемите на сите времиња: Ова се познати, но и непознати детали од животот на Диего Марадона

Поранешниот претседател на Куба почина 2016 година, а славниот Аргентинец никогаш не криеше дека му се воодушевува на Кастро, човекот кој му помогна да ги преживее најтешките моменти во животот.

Диего Марадона и Фидел Кастро/EPA/AIN

Марадона од 2000. до 2004 година неколку пати се лечеше од зависност од кокаин токму на Куба каде со раширени раце беше прифатен од Кастро. Нивното дружења и разговори прераснаа во големо пријателство, за кое Марадона со гордост зборуваше по смртта на Кастро.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Атланта ја прекина победничката серија на ЛА Клиперс

Јас не сум комунист, туку Фиделист и тоа до смрт – зборуваше Марадона.

По неодамнешната операција на мозокот, синот на Кастро му понуди на Диего рехабилитацијата да ја помине повторно на Куба, но за жал не успеа повторно да го посети карипскиот остров.

Пороците кои го уништија Марадона: Не можеше без кокаин, а пред него клечеа кумовите на мафијата

ВИДЕО: Марадона го постигна најконтроверзниот гол во историјата на фудбалот „Божјата рака“

Поврзани вести

Футсал: Босанците сакаат победа против Македонија

Слободен печат

Сензација на „Олд трафорд“, фенерџијата го сруши Јунајтед

Слободен печат

ВИДЕО: Јувентус си обезбеди полуфинална пресметка со Интер во италијанскиот Куп

Слободен печат

Европскиот и светскиот првак ќе играат меѓу себе, Франција по продолжението во полуфинале

Слободен печат

Реми на Тухел на дебито на клупата на Челси

Слободен печат

Озил ги фрли Турците во транс: Никогаш повеќе Бундеслига, никогаш повеќе Германија

Слободен печат

Остави Коментар