Шилегов: Желба ми е да ги вратам старите имиња на улиците

Составен е списокот на предлози од кои ќе се црпат новите имиња на улиците. Моја желба е да ги вратиме старите имиња на улиците кои беа познати за Скопје, нагласи Шилегов.

Минатата година Град Скопје објави конкурс за преименување на улиците, на кој граѓаните даваа предлози и идеи, инспирани од македонската култура и историја. Меѓу предлозите се најдоа и Итар Пејо и Ѓорѓи Колозов, но идејата за преименување на улиците, до денеска, се уште не е реализирана.

Слободен печат денеска го праша градоначалникот Петре Шилегов, дали се уште имаат намера да ги преименуваат улиците, или можеби се премислиле.

-Согласно законските прописи, не смеете да ги смените улиците шест месеци пред избори, а како што знаете изборите беа закажани. Сега можам да кажам дека Комисијата формирана за ова прашање имаше состанок минатата недела, тоа е веќе процес којшто го поминавме,  така што како фази веќе се поминати и очекувам на наредните седници на Советот на Град Скопје, да започнеме со постапка за преименување на улиците, одговори Шилегов. 

Тој додаде дека таа комисија составена од советници на Советот на Градот, ќе ги сублимира сите предлози кои се дадени од граѓаните и ќе се направи еден збирен список на улици, а потоа ќе се именуваат.

Негова лична желба е да се вратат старите имиња на улиците.

-Составен е списокот на предлози од кои ќе се црпат новите имиња на улиците. Моја желба е да ги вратиме старите имиња на улиците кои беа познати за Скопје, нагласи Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот