Шилегов: Обезбедени се услови за отстранување на првата галија, рокот е 30 дена (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ќе се отстрани една од галиите во Вардар. Обезбедени се услови за дислоцирање на првата галија, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Скопскиот градоначалник изјави дека нема да има опасност од финансиски трошоци за буџетот на градот и дека рокот за остранување на галијата во близина на панорамското тркало ќе биде 30 дена.

– Во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува урбана опрема. Во спротивно по 10 април, кога е истекот на рокот, Градот на негов трошок ќе го направи тоа, нагласи Шилегов.

Тој потенцираше дека поставувањето на урбана опрема во Вардар претставува опасност од потенцијална поплава, и поради тоа ќе работи на создавање на услови за отстранување и на останатите галии.

-Безбедноста е на прво место, а во моментов поради галиите во Вардар, има опасност од поплави. Ќе продолжиме со отстранување и на следните галии, истакна Шилегов.

Инаку, галиите иако се вбројуваат во урбана опрема, тие спаѓаат во градежни објекти, и најверојатно нема да бидат пренесени на ниту едно друго место, туку, како што рече Шилегов, ќе бидат само отстранети.

– Ако има желба сопственикот, ние ќе му ја однесеме галијата каде што ќе сака, дополни Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот