Шестмина исчезнати откако товарен брод потона во близина на Истанбул

Фото: Wikimedia Commons

Товарен брод потона утринава во Мраморното Море, јужно од Истанбул, а шест морнари се водат за исчезнати, соопштија турските власти.

Товарниот брод долг 69 метри, кој превезувал сува стока, испратил сигнал за помош веднаш по 6:30 часот по локално време додека бил во близина на брегот на островот Имрали, на околу 50 километри од јужниот брег на Истанбул, соопшти турското Министерство за транспорт.

Според турските власти, сигналот од бродот под турско знаме престанал да се емитува во 7:12 часот.

Три чамци на турската крајбрежна стража беа испратени во областа, но засега не можат да го лоцираат пловилото, се вели во соопштението, додавајќи дека во близина бил пронајден празен чамец за спасување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот