Шестмесечна затворска казна за соработничка на Навални

Љубов Собол и Алексеј Навални/ Фото EPA

Рускиот суд ја осуди Љубов Собол, главниот сојузник на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, на шестмесечна затворска казна, заменувајќи ја претходната казна која таа ја доби минатата година, јавува руската агенција РИА Новости.

Собол беше осудена на 1 и пол година во август 2021 година за непочитување на ковид-мерките на протестите, обвинение што таа го нарече неосновано и политички мотивирано. Тогашните ограничувањата вклучуваа забрана за излез во доцните часови, потсетува Ројтерс.

Руските ТВ канали РТ и РЕН во август минатата година цитираа извори кои рекоа дека Собол ја напуштила Русија неколку дена по воведувањето на ограничувањата.

Навални осуден на девет години затвор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот