Навални осуден на девет години затвор

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални денеска е осуден на девет години затвор „за измама од особено големи размери”, јави ДПА.

Навални (45) беше прогласен за виновен за проневера на пари од неговата антикорупциска фондација – која сега е забранета во Русија – и за навреда на судија во претходно судење.

Претходно денеска судијката Маргарита Котова во пресудата наведе дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и повреда на довербата”. Според пресудата, судот ја утврдил вината на Навални за сите четири точки од обвинението за „измама од особено големи размери”.

Навални е најистакнатиот противник на долгогодишниот руски претседател Владимир Путин. Повеќекратните правни постапки против него беа критикувани на меѓународно ниво како политички мотивирани.

Тој веќе издржува казна од неколку години во затворски логор во Покров, на околу 100 километри источно од Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот