Шеста изборна единица неофицијално: ДУИ изгуби еден, „Вреди“ доби пратеник плус

Гласање избори 2024 / Фото Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Првичните неофицијални резултати од аналитичките центри на партиите покажуваат дека во шестата изборна единица, ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата „Вреди“ доби пратеник плус.

ВМРО-ДПМНЕ не доби пратеник плус.

За потсетување денеска, имаше прегласување на шест изборни места во петатта изборна единица, а на едно избирачко место во шестата изборна единица. Во 21 часот Државната изборна комисија ќе има прес-конференција на која ќе извести за официјалните информации од денешното прегласување во 5-та и 6-тата изборна единица.

Според неофицијалните информации од аналитички центри на партиите, на избирачкото место во Струга, ВМРО-ДПМНЕ освоиле 366, ДУИ  46, 41 глас за СДСМ, 11 за Левица 2 за ЗНАМ 4 за „Вреди“ и 10 неважечки ливчиња.

Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18:30 чaсот гласале 2.487, односно 55,1 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Во 19:00 беа затворени избирачките места.

Во Изборното место (ИМ) 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98, отсто, во ИМ 1194 во Крушево гласале 325 гласачи односно 69,3 отсто, во ИМ 1202 во Крушево гласале 99 гласачи односно 33,22 отсто, во ИМ 1272 во Охрид гласале 356 гласачи односно 50,07 отсто, во ИМ 1470 во Долнени гласале 365 гласачи односно 55,47 отсто, во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 324 гласачи односно 51,27 отсто и во ИМ 1844 во Струга гласале 472 гласачи односно 62,68 отсто.

-Во споредба со гласањето на 8 мај до 18:30 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,08 отсто на овие избирачки места, велат од ДИК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот