Шест предмети кои се особено валкани во текот на летото – дали ги чистите редовно?

девојка плажа
Девојка на плажа / Фото: Pexels

Летото нуди бројни активности, но понекогаш бара и многу опрема.

Можеби истата опрема ја фрлате некаде во аголот од куќата кога ќе се вратите, но всушност, е потребно да ја одржувате чиста за да не мора да се борите со уште посилен хаос следниот ден.

1. Кремови за плажа

Тоа што по нанесувањето, на шишенцето со крем ќе остане малку крем, не значи дека е валкано и лесно можете да го избришете со крпа. Но, кога ќе го однесете истиот крем на плажа, бидете сигурни дека на шишенцето или тубата ќе се залепат разни нечистотии, како песок или земја, што ќе го почувствувате на вашето тело кога следниот пат ќе го нанесете кремот, а истиот тој песок ќе го однестете дома во вашата торба. За да го спречите тоа, извадете го од торбата и измијте го под тушот кога самите вие ќе се туширате.

2. Торби за плажа

Одлично е да ги ставите стапалата во песок, но кога ќе ја ставите раката во чантата и ќе најдете многу песок и во неа, не е толку забавно. Нека ви стане навика да истресете сè од вашата чанта веднаш штом ќе дојдете од плажа, а ако имате чанта од материјал што може да се пере, можете едноставно да ја исплакнете под туш.

3. Базени во дворот

Тие се одлична работа ако имате деца, а не можете да одите на море, но и тие треба да се чистат.

Најдобро е да ги оставите надуени да се исушат преку ноќ, а ако мислите дека треба дополнително чистење, попрскајте ги со оцет и вода и оставете ги на сонце, а потоа добро измијте ги со вода.

4. Влажни крпи

Можеби тие се предметот што ни одзема најголем дел од времето во текот на летото бидејќи ги има насекаде. Подобро е да се перат во машина за перење или само во машина за сушење ако не се валкани. Секогаш кога ќе перете алишта, ставете ја и крпата, инаку веројатно ќе биде расфрлана низ цела куќа, може да прими непријатен мирис, а таква крпа секако не сакате да носите на плажа.

5. Преносни ладилници

Ги носиме секаде на одмор, а тоа се гледа на крајот на денот по количината на нечистотија на нив. Најдобро е да ги исчистите така што ќе ги испразните и ќе ги исплакнете со вода, а претходно да ја фрлите целата преостаната храна. Оставете да се исуши на сонце.

6. Очила, апостолки, костими за капење…

Сето тоа ни треба за да уживаме на плажа, а понекогаш е вистинска работа сето тоа да го собереме во една торба. За да не мора да ги барате низ целата куќа, паметно е да одредите едно место каде што ќе се чува сè што ви треба за плажа. Кога ќе го најдете, запознајте ги со сите членови дома и предупредете ги, по употреба да вратат сè на своето место.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот