Шерон Стоун: Роберт Де Ниро најдобро се бакнува! (ВИДЕО)

epa-efe
Foto: EPA-EFE/NINA PROMMER

Шерон Стоун гостувајки во една емисија одговараше на прашањата поставени од гледачите, а едно од нив гласеше: Кој актер најдобро се бакнува? Се чини дека таа не мораше многу да размислува, бидејќи прилично беше сигурна во својот одговор.

„Роберт Де Ниро дефинитивно најдобро се бакнува. Да, Боб е далеку пред сите останати“, истакна Шерон.

Како што појасни, најверојатно дел од причината за ваквиот нејзин одговор е и тоа што таа имала големо почитување кон него и пред тие заедно да работат, пренесува британскиот „Mirror“.

„На него најмногу му се восхитував од сите актери. Цела кариера посакував да бидам како тој. Можеби и токму затоа бакнежот со него за мене беше врвен момент. Но бев и лудо заљубена во него како актер, па веројатно доколку ме удреше и со чекан во глава, ќе речев дека тој тоа најдобро го прави“, се пошегува таа.

Foto: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Конкуренција на Де Ниро биле најголемите ликови од Холивуд, бидејќи секс иконата Шерон Стоун соработуваше и со ѕвезди како Силвестер Сталоне, Мајкл Даглас и Арнолд Шварценегер.

„Не можам било кој друг да го споредам со Де Ниро. Во споредба со него, се останато е млако“, изјави Шерон Стоун која со Де Ниро го сними незаборавниот филм „Казино“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот