Шерил Кроу живее со тумор во мозокот кој одбива да го оперира
Американската музичарка, пејачка и актерка, Шерил Кроу на годинешното доделување на овие престижни музички признанија во Лос Анџелес ја изведе песната „Songbird“ со Бони Рејт и Мик Флитвуд во чест на неодамна починатата музичарка Кристина Мекви. Пејачката е добитничка на девет Греми награди, а досега пејачката била номинирана дури 32 пати.
Шерил, која за неколку дена ќе го прослави својот 61 роденден, изгледаше прекрасно на црвениот тепих, каде што се појави во елегантен корсет-фустан без ракави и голем шлиц.
View this post on Instagram
Музичка ѕвезда често е во центарот на вниманието бидејќи живее со бениген тумор на мозокот, кој одбива да оперира, а дијагностициран ѝ е менингиом, што самата потврди уште во 2012 година.
View this post on Instagram
Откако се појавија шпекулации дека пејачката има рак, таа одлучи да проговори и да ги утеши своите обожаватели со објаснување дека не се работи за рак, туку за бениген тумор.
„Сакам да ве известам дека сум добро“, изјави тогаш Шерил.
Шерил дознала за својата болест откако забележала проблеми со помнењето, плашејќи се дека боледува од Алцхајмерова болест.
ФОТО+ВИДЕО | Драма на Греми: Џенифер Лопез му се налути на Бен Афлек
ФОТО | Најдобро и најлошо облечени на Греми: Бомбастично деколте и шлиц од кој боли глава