ФОТО+ВИДЕО | Драма на Греми: Џенифер Лопез му се налути на Бен Афлек

Фото: Профимедиа/Скриншот/Твитер/Јутјуб

Американската актерка и пејачка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек присуствуваа на годинашното 65. издание на музичките награди Греми, кои беа доделени во неделата.

Познатата двојка повторно го привлече вниманието, особено Лопез со нејзината сина креација од модната куќа „Гучи“, која ја комплетираше со накит од луксузниот италијански бренд „Булгари“.

Џенифер Лопез Греми
Џенифер Лопез / Фото: Rob Latour / Shutterstock Editorial / Profimedia

И додека Лопез оставала впечаток дека ужива во свечената манифестација, Афлек делувал незаинтересирано за сè што се случувало околу него.

На една од снимките од настанот, се гледа дека Лопез го прекорува и му вели: „Престани. Изгледај попријателски настроено“.

Токму фацијалните експресии на Афлек им беа инспирација на корисниците на Твитер да се пошегуваат на негова сметка.

„Бен Афлек делува како повеќе да сака да е во ‘Данкин’“, искоментира еден од нив, осврнувајќи се на неговата добро позната страст кон ресторанот „Данкин донатс“, во кој се продаваат крофни и кафе.

„Бен Афлек, трепни ако си добро“, напиша друг.

Многумина се пошегуваа и дека тој изгледа како едвај да чека да излезе од салата и да испуши цигара.

„Бен Афлек за време на рекламите“, стои во една шеговита објава.

Повеќе на темата:

65. издание на наградите Греми: Хари Стајлс, Сем Смит и Бијонсе ја одбележаа вечерта

Најдобро и најлошо облечени на Греми: Бомбастично деколте и шлиц од кој боли глава

Го собори рекордот: Бијонсе со најмногу Греми награди на сите времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот